Премиерот Никола Груевски вчера најави времено повлекување. Денеска тоа го достави во писмена форма до Собранието, а ќе биде ефектуирано на 100 дена пред изборите. Тоа е дел од договорот од Пржино, образложи Груевски.
-Договорот исто така опфаќа и времено повлекување на Премиерот на 100 дена пред изборите. Навршуваат стоте дена пред 24 април, денот за кој е договорено да се одржат избори и тоа е влезено во закон. Јас стојам и зад тој дел од договорот. Сакам конечно да се остави сета неизвесност, проблеми, конфликтност зад нас и сакам нашата држава да оди напред и да продолжи силно да се развива. Утре изутрина до Претседателот на Собранието на Република Македонија ќе го испратам моето писмо со оставка на функцијата Претседател на Владата, која ќе биде ефективна на 100 дена пред официјалниот датум на избори- најави Груевски.
За тоа што значи ова за нашата држава, Груевски наведе
-Прво, оваа оставка ја покажува силата на нашето убедување и верба во демократијата. Најдобрата победа над оваа валкана кампања против Македонија водена преку најразлични методи изминатава година и пол се чисти избори кои нема да дадат никаков изговор никому. Такви беа изборите со кои освоивме огромна победа, огромна ќе биде победата заедно со вас и на следните избори, но овојпат одиме со вакви потези и чекор понатаму убедени дека ова што го правиме е за доброто на државата и на народот. Македонија мора да оди напред и ние заедно со народот ќе се избориме за тоа- заклучи премиерот Никола Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии