| четврток, 6 декември 2018 |

Тепачка во ноќен клуб – препијан штипјанец заврши во болница

Ноќта на 14 јануари околу 02.30 часот во дискотека во Штип на ул.„Кирил и Методиј“ настанала тепачка во која учествувале три лица.

Во тепачката А.Ч. (32) и З.В. (32), двајцата од Штип, го нападнале А.М. (24), удирајќи го со клоци и тупаници. Притоа истиот се здобил со тешка телесна повреда-скршеница коска на лева шака.

Лицата се алкотестирани при што кај А.M. е констатирано присуство на алкохол во крвта од 1.57 промили, кај З.В. 0.84 додека кај А.Ч. 0.73 промили.

По целосно документирање на настанот ќе биде поднесена кривична пријава за учество во тепачка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top