| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски ја поднесе одлуката за привремено повлекување до Собранието

gruevski4Премиерот Никола Груевски писмено ја поднесе одлуката за привременото повлекување од функцијата до претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, која, според вчерашната најава, во обраќањето до јавноста, ќе биде ефектуирано на 100 дена пред предвремените избори.

– Ве известувам дека денес, 15.1.2016 година, ми беше доставена оставка на претседателот на Владата на Република Македонија, госпосинот Никола Груевски – стои во соопштението од кабинетот на Вељаноски.

Оттаму, како претседател на Собранието на Република Македонија ќе постапувам во согласност со уставните, законските и деловничките права и обврски. Истовремено имајќи ги предвид превземените политички обврски на лидерите на најголемите политички партии во Република Македонија во согласност со договорот од 2 јуни 2015 година и протоколот од 15 јули 2015 година, како претседател на Собранието на Република Македонија ќе го следам исходот од денешните разговори со посредство на меѓународната заедница. Искажувам надеж дека политичките лидери на Република Македонија ќе успеат да ги надминат меѓусебните предизвици, а во функција на натамошен демократски развој на Република Македонија. Верувам дека во периодот што следи  ќе биде направен уште еден исчекор во исполнувањето на обврските од постигнатиот договор, а во функција на натамошно стабилизирање на вкупните околности во државата, се наведува во соопштението на претседателот на парламентот, Трајко Вељаноски.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top