| четврток, 6 декември 2018 |

Ештон утре доаѓа во Скопје, извештајот за Македонија пред Европарламентот

eu znameКетрин Ештон, високата претставничка за надворешна политика и безбедност на ЕУ, утре се очекува во Република Македонија во рамки на нејзината турнеја низ западен Балкан.

Посетата се совпаѓа со презентирањето на еврокомесарот Штефан Филе на пролетниот извештај за Македонија пред Европарламентот, од кој зависи дали земјата ќе добие датум за преговори на самитот на Европскиот совет во јуни. Најавени се средби на Ештон со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Никола Груевски, со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и со претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.

Според ЕК, турнејата низ западен Балкан е интензивирање на процесот на евроинтеграција за земјите-кандидати.

Министерот за надворешни работи Никола Попоски минатата недела оцени дека посетата на Ештон е дел од редовната комуникација со Европската комисија и нема дирекна поврзаност со прашањето за името и последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц.

Попоски, пак, утре во Стразбур на покана на Генералниот секретар на Регионалниот совет за соработка Горан Свилановиќ, ќе учествува на работна вечера со министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан, на која почесен гостин ќе биде еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top