„Триглав осигурување“ воведува нов пакет на осигурителни производи на пазарот под името „Триглав комплет“ што ја обезбедува сигурноста на најважните сегменти од секојдневниот живот на едно семејство, а притоа нуди можност за заштеда и до 50 проценти, правејќи го производот повеќе достапен до секое семејство.
Новата понуда на „Триглав“ вклучува пакет од три вида осигурување, за кои важат посебни поволности и кои на клиентите ќе им овозможат заштеда и до 50 проценти:
• Осигурување на домаќинства
• Семејно осигурување од незгода
• Каско-осигурување
„Триглав комплет“ е наменет за секое семејство кое се грижи за својата безбедна иднина. Пакетот е флексибилен и дизајниран да одговара на потребите на секое семејство, па истиот може да се дополни со повеќе возила, станови, куќи, викендици итн., а во него со свои осигурувања може да се вклучат и членови на поширокото семејство, како и тековни осигурувања.
– Пакетот „Триглав комплет“ овозможува „Триглав осигурување“ да понуди на пазарот висококонкурентен производ, во согласност со потребите на клиентите и во рамките на нивните можности. Клиентот е во фокусот на нашето работење, а „Триглав комплет“ е само уште една потврда за нашата посветеност затоа што овој производ ги опфаќа потребите на секое семејство и значи безбедна иднина, што е во согласност со мисијата на „Триглав“ – изјави главниот извршен директор на „Триглав осигурување“, Ѓорѓе Војновиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.