| четврток, 6 декември 2018 |

ИД во Италија регрутирала Албанци за 2.000 евра месечна „плата“

ид

Италијанската тајна служба аламира за постоењето добро оргнизирана група која се занимава со регрутација на млади од Балканот, пред се Албанци, за да војуваат на страната на ИД.

– Според извештај на италијанските власти состојбата е загрижувачка. За да ги привлечат младите ним им се плаќа по 2.000 евра месечно. Услов кој треба да го исполнуваат е добро да зборуваат италијански и да имаат добри познавања од компјутерски науки – наведува весникот „Шќиптарја“.

Според истиот извор во извештајот пишува дека Албанија е еден голем проблем за Италија, а со самото тоа и за Европа. Исто така, и другите земји како што се Грција или Косово се проблем, бидејќи економската состојба во овие земји условува луѓето лесно да може да се излажат.

– Базата на групата е во Анкона, а истрагата почна откако едно момче Италијанец, Ѓулиано Делнево бил убиен во Алепо, Сирија. Друга истрага која ја открила врската на џихадистите во Италија и оние од земјите на Баланот, е и апсењето на италијански бизнисмен, кој често патувал на релација Италија ­Албанија, кој пренесувал супстанци кои се користеле за производство на експлозивни направи – стои во извештајот. Според италијанските истражни органи, во Албанија се изработувале ракети чија дестинација била Сирија. Во извештајот посебно се нагласува фактот дека се барале лица кои добро го зборуваат италијанскиот јазик а такви, како што констатира весникот, во Албанија има многу.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top