| четврток, 6 декември 2018 |

Дејвид Боуви снимил уште пет необјавени песни

Дејвид Боуви планирал да објави уште еден албум и снимил уште пет песни пред смртта, откри неговиот продуценти.

Музичарот работел на новите песни и едвај чекал да се врати во студио барем уште еднаш, пред да почине, бидејќи се надевал оти ќе живее уште неколку месеци.

Тони Висконти, неговиот долгогодишен пријател и продуцент изјави дека Боуви разговарал со него една недела пред смртта и рекол дека сака да сними уште еден албум.

– Сакаше да направи продолжение на „Backstar“ – изјави Висконти за магазинот „Ролинг стон“.

Според продуцентот, Боуви во ноември знаел дека неговата болест е неизлечива, се надевал дека има уште неколку месеци живот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top