
Повеќе скопски фирми што сакале да го испочитуваат адетот за Василица добиле пити без паричка. Се жалат дека иако нарачале пита со паричка, добиле пита без паричка.
– Веднаш се јавивме во пекарницата да реагираме. Имавме среќа што се погодија коректни, па веднаш ни направија нова пита, овој пат со паричка – коментираат од една фирма.
Од пекарниците велат дека има преголем број нарачки, поради што, се случува да се направи ненамерна грешка и некоја од питите да остане без паричка. Има и поинакви ситуации – кога по грешка се ставени две парички во една пита.
– Имавме случај кога место една во пита сме ставиле две парички. Половина час откако добивме повик дека сме ставиле две парички добивме нов повик – поплака дека во питата нема паричка. Покрај тоа се прават и ненамерни забуни при подигањето на питите. Се случува фирма која нарачала две-три пити, од кои во само една треба да има паричка, да се направи грешка и во сите пити да имаат паричка. На сметка на тоа друг што нарачал пита со паричка ќе добие пита без паричка. Но тоа се ненамерни грешки поради преголемиот број нарачки. Се обидуваме да ги услужиме сите што сакаат да нарачат. Но секогаш настојуваме да си ја корегираме грешката онаму каде што сме испратиле пита без паричка – секако со достава на нова пита – велат од една скопска пекарница.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Вечерва на полноќ сите немажени девојки треба да бидат будни
-
Ако ви се падна паричката на Василица, еве каде треба да ја чувате за да ви носи среќа цела година
-
Вечерва се дочекува Православната Нова Година – Кои други народи во светот ќе слават со нас?
-
Утре е Василица, еве зошто треба да вртите лепче со паричка


