| четврток, 6 декември 2018 |

Милан прв полуфиналист во италијанскиот куп

Фудбалерите на Милан се први полуфиналисти во „Копа Италија“, откако синоќа во четвртфиналната фаза го победија Карпи со 2:1.

„Росо-нерите“ веќе по првото полувреме имаа водство од два гола разлика и практично го решија дуелот. Стрелци на головите беа Карлос Бака и Мбаје Нијанг. Во вториот дел Карпи успеа само да намали на 2:1 преку Матео Манкосу.

Другите четвртфинални натпревари се играат од 18 до 20 јануари. Двојките се:
Специја – Алесандрија,
Наполи – Интер и
Лацио – Јувентус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top