| четврток, 6 декември 2018 |

Идниот месец платата повисока за 1000 денари

плата

Повисоки  пензии, социјална помош, зголемена минимална плата. Бесплатен превоз на пензионерите и студентите од државните универзитети. Бесплатни театри, музеи и кина за средношколците,  изградба на домови за стари лица со ниски примања. Ова се само дел од поволностите кои ќе ги почувствуваат најголем дел од македонските граѓани.

Септемвриските пензии за околу 300 илјади пензионери ќе бидат зголемени за 650 денари . Со тоа покачување, просечената пензија ќе изнесува над 13 700 денари

За 2016 година е предвидено ново зголемување на пензиите за пет проценти кое ќе биде со септемвриската пензија што се зема на почетокот на октомври кога околу 300.000 пензионери  практично ќе земат покачена пензија. Гледано така, од 2006 година кога дојдовме во Владата, вклучувајќи го и зголемувањето сега во септември, ќе имаме вкупно зголемување на најниската пензија за 94 отсто, а на просечната пензија за 79 отсто, што е огромно зголемување, рече премиерот Никола Груевски

Македонските пензионери користат и бесплатен железнички превоз, бесплатна бања и викенд. Во јули сметките на над 30 илјади социјално загрозени категории граѓани  ќе бидат зголемени за 5% . Социјалната помош ќе изнесува речиси 5,000 денари.

Од почетокот на годината зголемена е и минималната плата, која изнесува 10,800 денари. Трендот на пораст ќе продолжи и до година.  Со низа мерки и програми,  Владата им помага и на невработените. Со 28 мерки ќе бидат опфатени над 13 илјади невработени, а од нив 9,000 се очекува директно  да бидат вработени.

Преку проектот Македонија  вработува се очекуваат над 15 илјади вработувања на различни категории на граѓани. Ќе се работи и на привлекување странски инвестиции, кои ќе отворат  нови работни места. Се очекува до крајот на годината, невработеноста да падне за 3 до 4 процентни поени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top