| четврток, 6 декември 2018 |

ИД презеде одговорност за нападот врз пакистанскиот Конзулат во Авганистан

Екстремистичката група Исламска држава денеска презеде одговорност за самоубиствениот напад во близина на зградата на Пакистанскиот конзулат во Џалалабад, источен Авганистан.

ИД на Твитер објави дека нападот го извеле тројца нејзини членови, од кои двајца го активирале експлозивот кој го имале на себе.

Во нападот загинаа најмалку седум припадници на авганистанските безбедносни сили, а уште седуммина се повредени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top