| четврток, 6 декември 2018 |

Бркотница кај Свети Николе, еден возач во бегство

Вчера околу 16.50 часот пред влезот во Свети Николе, на регионалниот пат Овче Поле-Свети Николе, од страна на полициски службеници при контрола на патничко возило „шкода фелиција“, управувано од 37-годишниот Б.С. од Гостивар,  затекнати се четворица марокански државјани кои илегално оствариле влез во Македонија.

Полициските службеници направиле обид да запрат и патничко возило „цитроен“ кое се движело после првото патничко возило, но тоа не застанало.

Возилото подоцна било пронајдено во близина на бензинска пумпа во Свети Николе, а возачот се дал во бегство.

По преземени мерки констатирано е дека сопственик на двете возила е Б.С., а возач на патничкото возило „цитроен“ бил Ј.Р. (38) од Гостивар. Тие требало да ги пренесат странските државјани до Куманово за износ од по 20 евра по човек.

Б.С. и странските државјани се приведени, а се преземаат мерки за пронаоѓање на Ј.Р.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top