Петок 13 ќе се случи само еднаш во 2016 година – во мај.
Доколку сте се свршиле за време на празниците, честитаме!Сигурно сте многу возбудени и веќе помалку нервозни, но не грижете се, земете здив и полека почнете со процесот на планирање правејќи една по една одлука.
Првата голема одлука која треба да ја донесете е да го одберете вистинскиот датум за вашата свадба.
Според порталот Ловерли, некои датуми секако ќе бидат попопуларни за венчавка од другите во 2016 година. Ви откриваме некои датуми кои треба да ги разгледате или да ги избегнувате.
Понеделник 29 февруари 2016
Во престапна година сме, а тоа значи дека имаме датум и ден 29 февруари како секоја четврта година. Луѓето во Ловерли прогнозирале дека голем број на парови ќе сакаат нивната супер оригинална свадба да се одржи во понеделник на престапниот ден. Суеверие или заштеда на прослава на годишнините? Како и да е ова е интересен датум и според некои верувања ветува невообичаен и долг брак.
Сабота 9 март 2016
За математичарите, нумеролозите и едноставните луѓе кои ги сакаат броевите – 4,9 и 16 се квадратни броеви. Овој датум носи одлични прогнози за оние кои ќе застанат на лудиот камен токму оваа сабота.
Петок 13 мај 2016
Петокот 13 ќе се случи само еднаш во 2016 година – во мај. Некои луѓе ќе го избегнуваат овој датум поради верувањето дека носи лоша среќа, а другите пак ќе го дберат токму да ги „скршат“малерите и тргнат во нова посреќна иднина.
Сабота 28 мај 2016
Совршен пролетно – летен датум пред големите жештини кој е идеален за стапување во брак според астролозите.
Сабота 3 септември 2016
Првиот викенд во септември секогаш е среќен избор за стапување во брак. Летото е се уште во воздухот, а жештините далеку зад нас.
Четврток 6 октомври или недела 6 ноември 2016
Палиндром е збор, израз или број кој исто звучи ако се чита и од лева и од десна страна.6/10/16 и 6/11/16 се датуми кои навестуваат голема среќа за идните брачни двојки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст