Овој рецепт може да ви помогне при намалувањето на крвниот притисок. Овој пијалак го намалува притисокот токму поради состојките кои се наоѓаат во него. Ананасот обилува со калиум и натриум кои помагаат при одржување на нормалниот крвен притисок.
Во едно истражување стручњаците од Queen Mary’s William Harvey институтот во Велика Британија, дале неоргански капсули нитрати на едни здрави волонтери, додека други пиеле сок од цвекло. Потоа ги споредиле нивните крвни притисоци и биохемиски промени во циркулацијата.
Откриле дека нитратите од сокот од цвекло може да влијаат врз васкуларното здравје, така што го зголемуваат нивото на азотниот оксид во крвта. Сокот од цвекло се покажал еднакво влијателен како и капсулите нитрат, со оглед дека притисокот се намалил за 24 часа од консумирањето на сокот.
Ова е рецептот и направете го доколку имате висок притисок:
Потребни состојки:
- 1 шолја млеко од бадем
- 1 ½ шолја исечкан свеж ананас
- ½ шолја свеж сок од портокал
- ½ исечкани и зготвени парчиња цвекло
- ¼ шолја исечкан целер
Начин на подготовка:
Сите состојки ставете ги во блендер и миксајте додека не се претвори во густ сок. Сервирајте и уживајте во здравиот сок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Пијалог кој проверено согорува калории и симнува килограми
-
7 дена пиела сок од кисели краставички: Еве што и се случило…
-
Овој сок го пиела 6 дена на празен желудник – обликот на стомакот целосно се променил
-
Го пиев три месеци и верувам дека овој сок ги уби ќелиите од рак, па сакам да го споделам со вас