| четврток, 6 декември 2018 |

Кога овој фудбалер ќе даде гол познатите личности стравуваат од смрт

Проклетството наречено Арон Ремзи продолжува.

ремзи

Кога фудбалерот на Арсенал ќе постигне гол, познатите личности од целиот свет стравуваат поради тоа што овој Велшанец  го бие глас дека кога ќе ја затресе мрежата на ривалот, една од планетарните ѕвезди го напушта овој свет.

„Проклестовото на Ремзи“ продолжува и во 2016 година. Листата на „жртвите“  на овој фудбалер е се подолга. Новото име на неа е Дејвид Боуви. Познатиот музичар починал во недела, а Арон Ремзи постигна гол во победата на Арсенал врз Сандерленд во ФА Купот (3:!) ден порано.

Приказната за проклетството датира уште од 2011 година. Кога Ремзи давал голови, страдаа диктаторите Бин Ладен и Гадафи, а по нив замина и основачот на „Епл“ Стив Џобс и пејачката Витни Хјустон.

Фудбалерот на Арсенал во 2013 година против Виган дал дол, а 24 часа подоцна почина водачот на аргентинска воена хунта Хорхе Видал. Истата година Ремзи поентираше против Кардиф, а повторно 24 часа потоа во тешка сообраќајна несреќа настрада  актерот Пол Вокер. На 11 август во 2014 година му даде гол на Мачестер сити, а утредента Робин Вилијамс изврши самоубиство.

aron

Познатите личности имаат среќа поради тоа што Ремзи често има проблеми со повреди. Последните неколку недели Ремзи не е во преден план само поради „темните“ приказни. Медиумите пак јавуваат дека Барселона е подготвена за услугите на овој фудбалер да издвои дури 50 милиони евра. Можеби „проклетството“ ќе запре  во Шпанија?

Сите „жртви“  на Ремзи:  

1 мај 2011 гол против Манчестер јунајтед – Осама Бин Ладен

2 октомври 2011 гол против Тотенхем – Стив Џобос

19 октомври 2011 година гол против Марсењ – Муамер Гадафи

11 февруари 2011 годил против Сандерленд – Витни Хјустон

30 ноември 2013 гол против  Кардиф – Пол Вокер

11 август 2014 гол против Манчестер сити – Робин Вилијамс

10 јануари  2016 гол против Сандерленд – Дејвид Боуви

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top