| четврток, 6 декември 2018 |

Хакер ја пробил електронската пошта на директорот на националното разузнавање на САД

Хакер успеал да ја пробие личната електронска пошта на директорот на националното разузнавање на САД, Џејмс Клапер неколку месеци по соопштенијата дека некој го „хакнал“ личниот е-маил на директорот на ЦИА Џон Бренан, пишува МИА.

sajber-napad-pljacka-racunar-internet-haker04

 

Кабинетот на Клапер регистрирал напад пред за него да соопшти за првпат вчера електронското списание и видео-канал за наука и технологија Мадербоард.

Тие објавија дека истиот хакер тинејџер кој го пробил „налогот“ на Бренан е одговорен и за нападот врз Клапер.

Кибер-напаѓачот бил со псевдоним Cracka и успеал да упадне и во електронската пошта на сопругата на Клапер на Јаху.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top