Турската полиција спроведе антитерориситчка операција во пет градови во земјата и приведе 59 лица.
Ваквата акција следува по вчерашниот напад во која загинаа десетина лица. Меѓу уапсените има голем број турски државјани, кои се товарат за „терористичка активност“.
Според полицијата, приведените имале задача да ги откријат „слабите точки“ на поголем број државни институции, кои потоа би биле цел на терористички напади.
Сите приведени се осомничени за поврзаност со џихадистичката група исламска држава (ИД).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.