Поради интензивни врнежи од снег воведена е забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец крак Маврово – Дебар, соопшти Автомотосојузот на Македонија.
АМСМ информира и дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и застои по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува на Попова Шапка и Ѓавато кој не се задржува на коловоз.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.