| четврток, 6 декември 2018 |

И кога е ладно можете да бидете блиски со партнерот

зима

Дали е студено за да се ослободите од својата зимска облека и да бидете интимни со вашиот партнер/ка.

Лесно е да се чувствувате секси кога надвор сјае сонцето и кога се полесно облечени. Ниските температури во текот на зимата може да влијаат врз сексуалниот живот на некои од двојките. Загревањето под ќебе секогаш е добредојдено, но некогаш е потребно време и за тоа.

Постојат одредени сексуални трикови кои се осмислени специјално за зимата. Затоа, сварете си чај, земете еден чифт чорапи доколенки и бидете подготвени да се впуштите во највозбудливиот секс во зимската сезона.

Носете чорапи за подобар оргазам

Во текот на зимата може да носите неколку пара топли чорапи, доколенки, а вашите стапала ќе ви помогнат полесно да дојдете до оргазам. Како? Всушност постоги научно објаснување нза тоа. „Научно е докажано дека кога нозете на жената се топли, таа има подобри шанси за постигнување на кулминација во сексот“ – вели доктор Роб Алекс.

Пијте чај пред оралниот секс

Забавен трик за да си играте со својот партнер. Сварете си една шолја чај и понесете го со себе во кревет. Вашиот партнер ќе мисли дека сте подготвени за да ја поминете ноќта на удобен кауч, меѓутоа, земете една голтка од топлиот чај во уста и пружете му го на својот партнер најдобриот орален секс. „Топлото чувство е одлично и за мажите и за жените. Ова може брзо да ве возбуди во студените зимски ноќи“ – вели доктор Алекс.

Чај од пеперминт

Наместо чај од хибискус или камилица, одберете чај со вкус на нане или пеперминт. Вкусот на пеперминт на вашите усни ќе остави силен впечаток врз вашиот партнер при оралниот секс.

Подигнете ги ролетните

Не само што ќе го зголемите возбудувањето од тоа што ќе се случи ако некој ве „улови“ за време на сексуалната акција, туку како што вели доктор Џес, сексот во зима со отворени ролетни и зраците од сонцето може да ја променат хемијата на вашиот мозок. „Нивото на тестостеронот може да биде понизок во текот на зимата, но малата сончева светлина може да ви помогне да го зајакнате либидото“ .
Поза „лажица“

Постојат неколку секси пози кои е подобро да ги испробате во текот на зимата. „Лежете еден до друг во поза „лажица“ за да го намалите количеството на кожа изложено на воздух. Оваа поза не е само за галење. И не заборавајте ги рацете. Оваа поза овозможува слободно да ги користите своите раце за да се загреете“.

Топло масло

Топлото масло делува смирувачки на телото, создава пријатни сензации кога е студено и мириса неверојатно. Зошто да не му пружите на вашиот партнер масажа и да видете каде тоа ќе ве одведе. Постои широк спектар од прекрасни мирисливи масла – од еукалиптус, бор, чемпрес, ѓумбир, портокал “ – вели доктор Џес. Таа додава дека ако сакате да експериментирате со маслата бидете сигурни дека купувате масла кои се наменети за таа цел за да избегнат  иритација или инфекција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top