| четврток, 6 декември 2018 |

Смртен случај го потресе семејството Којиќ

Смртен случај вчера го погоди пејачот Драган Којиќ Кеба.

83911_1keba

На популарниот фолкер и свекор на Северина му починал близок семеен пријател и член на неговиот бенд. Кеба, кој откако ја добил трагичната вест, е во целосен шок и не може да престане да плаче, а моментално се наоѓа во кругот на семејството.

-Загубив исклучително близок и мил пријател кој беше и член на мојот бенд. Многу лошо се чувствувам. Морам да соберам сила да отпатувам во Лозиница, но само Господ може да ми помогне да ја преболам оваа загуба – изјавил Кеба за медиумите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top