Коњско опавче – Иако многумина жени изгледаат како невини ученички, тие кои носат опавче се изненадувачко жешки во постелата. Држењето на косата подалеку од очите покажува сексуална самодоверба, тврдат експертите.
Секси-совет: сакате брз и жесток секс. Изненадете го партнерот така што ќе запалите неколку свеќи и ќе ја забавите акцијата и пред и за време на сексот. Уживајте во долга предигра пред огнената кулминација.
Секогаш беспрекорно исчешлана и уредна – Дури и кога сте сами дома, вашата фризура изгледа како сега да сте излегле од фризерски салон. Тоа значи дека ги сакате редот и дисциплината во сите аспекти од животот. Среќни сте додека вие ја водите играта во креветот, па на партнерот ретко му дозволувате да ја преземе иницијативата.
Секси-совет: Ако секогаш ја имате контролата, тоа може да ве спречи да му се препуштите на моментот. Вечерва дозволете му да ви стави превез преку очите и препуштете му се на партнерот.
Дива и распуштена – Тоа е знак дека добро се чувствувате во сопствената кожа. Опуштени сте во животот, љубовта и сексот. Вие сакате секс во било кое време од денот и вистински уживате во него.
Секси-совет: Галете го партнерот на секаде по телото и тој ќе посака да ви врати со иста мера по што ќе следи експлозија од страсти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.