| четврток, 6 декември 2018 |

Посетата на Груевски на САД, нов ветер во грб на државата и владата

DSC_6930Посетата на САД на македонската владина делегација предводена од премиерот Никола Груевски и средбата со американскиот потпретседател Џозеф Џо Бајден е нов ветер во грбот  во функција на зајакнување и интензивирање на пријателските односи на Република Македонија со САД, се првичните коментари на познавачите на состојбите. Оваа втора средба меѓу македонскиот премиер Никола Груевски и американскиот потпретседател Џо Бајден во Белата куќа која што траеше 45 минути, се оценува како „државнички потег“.

Според известувањата на американските медиуми за оваа средба, во преден план била   истакната американската поддршка за целосно спроведување на преземените обврски од договорот од Пржино, а како главна обврска од него се нагласува спроведувањето на изборите на 24 април.

DSC_6890-Американскиот заменик претседател Бајден и премиерот Груевски се согласија за важноста од продолжување на имплементацијата на договорот од Пржино и  преземањето на неопходните мерки за обезбедување на кредибилни избори- пренесуваат медиумите од средата.

Се додава и дека на оваа средба САД го потврдија своето пријателството, нагласувајќи ја повторно поддршката кон евроатлантските интеграции на Македонија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top