| четврток, 6 декември 2018 |

САД: Ел Чапо мора да остане зад решетки

САД соопштија дека јасно му ставиле до знаење на Мексико дека наркобосот Хоакин Гузман – Ел Чапо, кој е приведен по повеќемесечна драматична потрага, не смее повторно да побегне додека трае процедурата за негова екстрадиција во Вашингтон.

el capo

 

Портпарол на Стејт департментот рече дека САД им пренеле на Мексико загриженост поради опасност што претставува таа личност.

– Сметам дека разбрале дека светот следи како се одвива тој случај и дека тој човек мора да остане зад решетки – изјави Џон Кирби.

Мексико претходно најави дека, можеби, ќе биде потребно повеќе од една година за да се разгледа американското барање за екстрадиција на Гузман во САД каде што би бил изведен пред суд. Досега тој бегаше двапати од максимално обезбедени затвори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top