| четврток, 6 декември 2018 |

Ќерката на Плејбој зајачицата Ен Никол Смит е копија на мајка си (фото)

Бурниот и раскалашен живот ја доведоа Ен Никол Смит до смрт, а зад себе таа тогаш ја остави петмесечната ќерка Данијелин Биркхед.
anna-nicole-smith-1370371661-3260

Денес, осум години подоцна, младата дама неодоливо многу потсетува на својата мајка.

anna-nicole-smith-kerka-posle-8-godini-02

Само три дена откако Данијелин дојде на овој свет, нејзиниот 20-годишен полубрат, Данијел Вејн Смит, починал во болничката соба на неговата мајка, откако дошол на Бахамите за да ја види тукушто родената полусестра.

anna-nicole-smith-kerka-posle-8-godini-07

После двете направени обдукции, било утврдено дека починал поради смртоносна комбинација од опијати. Смртта на својот син Ен Никол ја поднела исклучително тешко.

anna-nicole-smith-kerka-posle-8-godini-01

А неколку месеци подоцна, Ен Никол Смит била пронајдена мртва во собата број 607 во хотелот и казино “Hard Rock” на Флорида. Ја пронашла нејзината пријателка и медицинска сестра којашто веднаш повикала итна помош, додека нејзиниот сопруг и телохранител на Ен се обидувал да ја реанимира.

После пристигањето во болница била прогласена смртта на славната старлета, а како причина се наведува труење со комбинација од различни лекови.

За малата Данијелин после утврдувањето на татковството и борбата за старателство со уште тројца мажи, продолжил да се грижи нејзиниот татко Лери Биркхед.

anna-nicole-smith-kerka-posle-8-godini-04

– Таа ми е сè. Кога ја гледам порасната, толку ме потсетува на нејзината мајка. Колку што е повозрасна, толку повеќе и се менуваат особините, како да имам минијатурна Ен Никол којашто трчка наоколу, раскажал Лери за “Entertainment Tonight”.

anna-nicole-smith-kerka-posle-8-godini-05

Иако медиумите после нејзиното раѓање пишуваа дека би можела да се соочи со потешкотии во развојот бидејќи нејзината мајка се дрогирала и пиела алкохол во текот на бременоста, Данијелин е здраво дете, добар ученик, а нејзиниот татко тврди дека девојчето учи од грешките на својата мајка.

anna-nicole-smith-kerka-posle-8-godini-09

– Често ѝ зборувам за нејзината мајка и ништо не сакам да разубавам. И кажувам дека постојат нешта коишто нејзината мајка ги правела, а од кои треба да се извлече поука, изјавил тој.

anna-nicole-smith-kerka-posle-8-godini-06

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top