| четврток, 6 декември 2018 |

Насилен упад и кражба во редакцијата на „Курир“ (ФОТО)

Непознати лица синоќа насилно упаднале во редакцијата на „Курир“. Од порталот велат дека по низата напади и закани кои изминатиов период беа упатени врз нивните новинари, минатата ноќ просториите на редакцијата беа цел на разбојништво.

vrata-2640

Разбиена е една од балконските врати во просториите на редакцијата и украдени се лаптоп компјутери на вработени во порталот.

vrata-1640

Ова не е првпат просториите на „Курир“ да бидат цел на напад.

Според „Курир“, до синоќешната кулминација дошло по секоjдневните неосновани атаци врз нив како медиум од страна на разни опозициски структури, но и директно од најголемата опозициска партија СДСМ.

-Ваквиот упад во просториите на „Курир“ следува по низата навреди и по монструозните закани по живот на наши вработени кои кулминираа во месец ноември, кога член на СДСМ испрати смртни закани до вработена во нашиот медиум, во кои им се закануваше по живот и на сите вработени, пишува порталот.

Дополнително, „Курир“ секојдневно е цел на неосновани напади од страна на најголемиот опозициски политички субјект СДСМ, кој секојдневно, со разни неосновани соопштенија, врши директен напад и притисок врз нашиот медиум. Повторуваме дека секое соопштение од штабот на СДСМ насочено против нашиот медиум е јасен напад врз слободата на говорот и врз работењето на медиумите. Секое соопштение од штабот на СДСМ го толкуваме како директен притисок и закана по медиумот и по новинаритшто работат во него – пишува „Курир“.

sdsm-2_thumb_medium500_545sdsm-3_thumb_medium500_500sdsm-5_thumb_medium500_594sdsm-4_thumb_medium500_524

 

 

 

 

1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15

Упадот во просториите од порталот е пријаван во Министерството за внатрешни работи, каде направен е записник и се очекува надлежните во најбрз можен рок да ги откријат сторителите. Од „Курир“ јавно го повикуваат техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Како и со сите случаи претходно во кои „Курир“ беше мета на напад, така и овој пат за упадот во нашите простории ќе ги известиме надлежните институции, странските амбасади и сите новинарски здруженија, пишува порталот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top