| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во аптека во Буњаковец – ѝ се заканувал со СИДА ако не му даде „вијагра“

Вчера во 18.30 часот во аптеката „Виола“ во скопскиот трговски центар Буњаковец, непознат сторител извршил разбојништво над вработената, при што одзел 4.660 денари од дневниот промет и четири кутии „вијагра“.

Имено, кога влегол во аптеката сторителот со шприц ѝ се заканил за вработената дека ако не му даде пари ќе го употреби и ќе ја зарази со СИДА. Откако ги зел парите, сторителот побарал и таблети „вијагра“. Кога ги зел и таблетите излегол и се упатил во правец на Универзална сала.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top