Во Кинотека на Македонија со почеток во 12 часот, почна циклусот филмови за најмладите насловен „Ново киноутро“.
Во рамките на овој циклус ќе бидат прикажани пет филма наменети за најмладата публика, од кои „Пудрата на доктор Проктор“ „Зознците во земјата на ветерот“ и „Смотанко и Трапавко: Невозможна мисија“ се синхронизирани на македонски јазик, а, исто така, ќе бидат прикажани и анимирани филмови во 3д.
Програма:
11 јануари (понеделник) 12.00 ч асот и 12 јануари (вторник) 12.00 часот
ПУДРАТА НА ДОКТОР ПРОКТОР
СИНРОНИЗИРАН НА МАКЕДОНСКИ
Режија: Арилд Фролих
Сценарио: Јонас Богус, Јо Несбо.
Улоги: Кристофер Јонер, Емили Глајстер, Елиф Х. Норакер
Во еден свет, кој не е многу поинаков од нашиот, но каде што занданите се многу помрачни, синовите на богаташите се многу поразгалени и лудите научници се уште полуди, живее едно чудовиште, кое е желно за одмазда и кое, можеби, е анаконда. Во тој свет, пријателството меѓу две осамени деца ќе биде доволно силно да ја истера правдата на виделина. Овие две деца ќе му помогнат на лудиот научник доктор Проктор да добие признание за неговиот неверојатен изум, со чијашто помош цврсто ќе застанат на своите две нозе.
13 јануари (среда) 12.00 часот и 14 јануари (четврток) 12.00 часот
СМОТАНКО И ТРАПАВКО: НЕВОЗМОЖНА МИСИЈА
СИНХРОНИЗИРАН НА МАКЕДОНСКИ
Режија: Хавиер Фесер
Сценарио: Хавиер Фесер, Кларо Гарсија
Улоги: Кара Елехалде, Хaнфри Топера, Габриел Чаме
Мортадело и Филемон се најдобрите супершпиони во ТИА (Тајна владина организација), чијашто задача е да разоткриваат криминал, кој ниеден друг шпион не може да го разоткрие. Поточно, да ги „заплеткуваат“ ситуациите – како што никој друг не може. За да ја исполнат нивната тешка мисија, Мортадело и Филемон користат маскирања, како и многу други бизарни, но некорисни, изуми, кои заедно со нивните паметни умови ги претвораат мисиите во весели, бучни и забавни авантури кои никогаш досега не се видени во светот на шпионите.
15 јануари (петок) 12.00 часот и 16 јануари (сабота) 12.00 часот
КНИГАТА НА МАГИИ
Режија: Александар Кастањети, Жилиен Симоне
Сценарио: Ерик Боасе, Александар Кастањети
Улоги: Рајан Броди, Тимоти Кециер, Полин Бриси
Сè изгледа нормално во малото француско село Роненвал. Момчето Тео нема многу пријатели во училиштето, и обожава да чита книги и стрипови. Во библиотеката наоѓа книга на магии, со чијашто помош може да направи магичен прстен и да ја спаси мајка си од лажните обвиненија. Во авантурата му се придружуваат пријателките Бонав и Лаура. Кога ќе остане „заглавен“ во состојба на невидливост, се појавува и загадочниот странец Аркандијас…
17 јануари (недела) 12.00 часот и 18 јануари (понеделник)12.00 часот
ЗОЗОНЦИТЕ ВО ЗЕМЈАТА НА ВЕТРОТ
СИНХРОНИЗИРАН НА МАКЕДОНСКИ
Режија: Серџо Манфио
Сценарио: Ана Манфио, Франческо Манфио
Улоги: Џероламо Алкјери, Нани Балдини, Енрико ди Троја.
Четири години по првиот дел, приказната за шестемина неразделни пријатели се враќа на големото платно. Нивната нова авантура вклучува борба против заколнатиот непријател – вештерката Чавка. Зозонците живеат во малото гратче Пуф во кое сè функционира на енергијата што се добива од ветрот. Вештерката Чавка сака да го украде главното тркало, и нашите јунаци ќе сторат сè што е во нивна моќ да ја спречат во нејзината намера. Овој семеен филм е исполнет со многу акција и со бројни моменти во кои публиката е повикана да земе активна улога, а преку своите прекрасни ликови и веселите шеги го нагласува значењето на обновливите извори на енергија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст