| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба на фотографии од Александра Стеваноска

Во просториите на „Јавна соба“ вечер ќе биде отворена првата самостојна изложба на фотографии на Александра Стеваноска, насловена „Познато-непознато“.

На изложбата ќе бидат претставени фотографии со портрети на случајни улични  минувачи, пејзажи и делови од архитектурата.

Фотографиите се направени во периодот од 2013 до 2015 година во САД и тоа во Њујорк, Сан Франциско и националните паркови Поинт Лобос, Њу Порт Бич и Кармел Бич во Калифорнија.

Следната изложба на „Познато непознато“ е планирана на пролет во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top