| четврток, 6 декември 2018 |

Иво Јосиповиќ ја понуди својата оставка

Поранешниот хрватски претседател Иво Јосиповиќ чија партија не успеа на парламентарните избори во ноември да го помине цензусот, одлучи својот мандат да го стави на располагање на партијата.

Јосиповиќ смета дека дека тоа е пристојно, после изборниот неуспех да понуди оставка.

Тој како што најави. оставката ја понудил на Собранието на партијата, која за неа ќе одлучи на тајно гласање.
„Во партијата се одлучува по начело еден човек еден глас“, рече Јосиповиќ, кој по напуштање на СДП и заминување од функцијата претседател ја формираше партијата Напред Хрватска.

Засега нема нагаѓање за можните кандидати за претседател, но се проценува дека е можно Јосиповиќ да остане на чело на партијата.

Јосиповиќ смета дека мандатарот Тихомир Орешковиќ заслужува поддршка, но не се согласува со неговата изјава дека уште не е време за кирилица во Вуковар.Јосиповиќ истакна дека биографијата на Орешковиќ е импресивна, и дека мандатарот се уште не го повикал на разговор, но ако тоа се случи тој ќе одговори.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top