До сега најсилниот забележан циклус Ел Нињо ќе го зголеми заканата од глад и болести за милиони луѓе во 2016 година, предупредуваат хуманитарните агенции, пишува Би-Би-Си.
Овој временски феномен ќе го зголеми ризикот од суши во одредени региони во светот, додека во други ќе предизвика големи поплави. Најлошо ќе бидат погодени делови од Африка, каде недостигот на храна критично ниво треба да достигне во февруари идната година. Освен Африка, непогоди ќе ги зафатат и Карибите, како и Средна и Јужна Америка во првите шест месеци во 2016 година.
Ел Нињо огромни проблеми создаваше и оваа година, тој временски феномен е една од причините поради кои 2015 година беше најтопла година во историјата на мерењето, а една од неговите последици е најсилниот ураган во историјата на западната хемисфера – Патриција (кој за чудо не го уништи половина мексикански брег).
„Во многу тропски држави можевме да видиме големо намалување на врнежите, дури до 30 отсто. Индонезија преживеа голема суша, индиските монсуни се 15 отсто послаби од нормалното ниво, а слични се прогнозите и за врнежите во Бразил и Австралија‟ – рече др. Ник Клингман од Универзитетот во Рединг.
Со вакви понатамошни суши и поплави, очекување на големи последици по жителите во зафатените земји, ги загрижува хуманитарните агенции како Оксфама. Само во Африка над 31 милион луѓе ќе се соочат со недостиг на храна, што може да генерира нов бран на бегалци. Една третина од нив се наоѓаат во Етиопија, која сигурно ќе бара хуманитарна помош во идната година.
Кога на овие луѓе ќе се додаде бројка од 60 милиони луѓе во светот кои ги напуштиле своите домови, главно поради војни и вооружени судири, очигледно е дека пред светот се наоѓа голем хуманитарен предизвик. Тоа посебно се однесува на земјите како Судан, Јужен Јемен и Сирија. Освен тие земји и претходно наведената Етиопија, Малави оценува дека над 3 милиони нивни граѓани ќе имаат потреба од хуманитарна помош.
Во Централна Америка пак поради поплави околу два милиона луѓе во Гватемала, Салвадор, Хондурас и Никарагва, исто така ќе бидат меѓу земјите на кои ќе им треба помош.
„Веќе сега мораме да подготвуваме храна и вода, бидејќи во спротивно нема да можеме да реагираме на било која непредвидлива катастрофа. Цените на храната сигурно ќе се покачат, а ќе има недостиг на ориз, какао, шеќер и кафе‟ – предупредува др. Клингман.
Што е Ел Нињо
Ел Нињо (мало момче) е природна појава во чиј тек топлото море од централниот Пацифик се шири на исток кон Северна и Јужна Америка.
Феноменот први го препознаа рибарите на бреговите на Јужна Америка, во 16 век откако забележале необично топло море покрај брегот. Се јавува секои две до седум години, а врвот обично го достигнува пред крајот на календарската година. Неговите ефекти силно ќе се чувствуваат во првата половина идната година, а понекогаш и цела наредна година.
Ел Нињо е дел од Ел Нињо јужно-осцилацискиот циккус. Спротивната фаза на циклусот се вика Ла Ниња (мало девојче) и во нејзиниот тек настапува заладување на морето под нормалното ниво. Моменталната епизода на Ел Нињо е најсилна од 1998 година и се очекува да биде меѓу трите најсилни кои се забележани до сега. Исто така, се очекува во текот на врвот на цикулост температурата на површината на морето да биде 2 степена потопла од вообичаената.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст