Ракометарките на македонскиот шампион ЖРК Вардар во неизвесен дуел стигнаа до првата победа во групата од главната фаза од Лигата на шампионите. Како и што се очекуваше романскиот тим Букурешт се покажа како цврст ривал.
– Се потврди она што го најавив на прес конференцијата пред натпреварот дека за победа над Букурешт ќе мора дисциплинирано и одговорно да се игра во сите 60 минути, а не само 10 или 15. Добро е што девојките ја завршија работата. Се покажа дека Букурешт е квалитетен тим. Сепак најважно е дека освоивме два бода. Сега ни претстои многу работа и подготовка за следниот натпревар со Будуќност во Подгорица, истакна тренерот на ЖРК Вардар Индира Кастратовиќ по дуелот на прес-конференцијата.
Тренерот на Букурешт Ким Расмунсен, кој во еден период беше и во стручниот штаб на ЖРК Вардар изјави дека е разочаран бидејќи смета дека заслуживме барем бод на овој натпревар. Вардар, нагласи, имаше повеќе сили и постигна голови во важни моменти. Во нашиот состав проблем беа и повредените ракометарки.
ЖРК Вардар со победата од 22:21 над Букурешт се проби на третото место на табелата со вкупно шест бодови или еден помалку од водечките две екипи Будуќност и Ѓер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст