| четврток, 6 декември 2018 |

Хајек: Посреќна сум сега, отколку кога бев слаба

селма

Според многумина, една од најубавите глумици на светот, Селма Хајек вели ги сака своите „раскошни облини“ и тврди дека сопственото тело денес го сака многу повеќе, отколку кога била слаба.

На својот Инстаграм, меѓу останатите, сподели фотографија од нејзината младост на која има сосема „тенка“ половина, но тврди дека денес се чувстува подобро од кога било досега.

– Ова беше мојата половина пред да останам бремена, сега веќе не е иста, но мој живот е неспоредливо подобар, вели преубавата Селма, која е преубава и во својата 49 година од животот.

Во бракот со Франсоа Анри Пино, Селма ја има осумгодишната ќерка Валентина, која е убава како нејзината мајка, но има и големо срце.

Познатата глумица неодамна се пофали дека нејзината ќерка пушта коса за да ја донира за изработка на перики за болните од рак, а гордата мајка најмногу блеска кога е во друштво со својата миленичка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top