Пожар избувна во зградата на косовската Влада откако демонстранти од опозицијата фрлаа со Молотови коктели во знак на протест против договорот за нормализирање на односите со Србија. Пожарникари брзо го изгаснаа пожарот, а полицијата употреби солзавец за да ги растера демонстрантите.
Неколку илјади демонстранти денеска протестираа во Приштина барајќи оставка од Владата со аргументи за поништување на Бриселскиот договор што се однесува на формирањето на Заедницата на српски општини и договорот за демаркација на границата со Црна Гора.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија