Истрагата за „Фабриката за афери“ на СДСМ добива меѓународни димензии. Органите на прогон преку Интерпол дошле до сознанија дека дел од фалсификуваните пасоши пронајдени во компјутерот на Чаушот, биле користени во некои од земјите кои се членки на ЕУ, пишува „Пресс24“.
Извори на истрагата потврдуваат дека Зекир Бекири, инаку член на опозициската СДСМ, бил дел од меѓународна мрежа на криминал. Според податоците, најверојатно преку криминалната мрежа тој финансирал дел од активностите за партијата.
Инаку, дел од фалсификатите кои биле изработени во работилницата биле за членови на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во нивната „фабрика за афери“ сопартијците на Зоран Заев и Оливер Спасовски чувале 70.000 прислушувани разговори со кои се тргувало со криминални структури во земјата но и во регионот. Печателе и фалц пасоши и лични карти со цел да се нанесе штета на владејачката партија, пишува порталот.
Фабриката за афери на СДСМ е еден од најголемите скандали во македонската историја, особено ако се има предвид дека во него е вмешан лидерот на опозициската СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст