| четврток, 6 декември 2018 |

Стартува главната фаза од женската ракометна Лига на шампиони

Со четирите натпревари кои се играат денеска стартува главната фаза од женската ракометна лига на шампионите, каде настапуваат 12 екипи. Во групата 2 се наоѓа и македонскиот шампион ЖРК Вардар.
„Вардарки“ во првиот натпревар од групата денеска со почеток во 17:30 часот во СЦ „Јане Сандански“ играат против романската екипа Букурешт. Од оваа група денеска е дуелот на последните два европски шампиона Ѓер и Будуќност.
Од групата 1 попалднево играат Ростов Дон – ФТЦ и Ларвик – Турингер.
Утре се играат дуелите: Баја Маре – Флери (група 1) и Митјиланд – Савехоф (група 2).
Екипите во оваа фаза ги пренесоа бодовите од меѓусебните дуели со екипите со кои играат во првата фаза. Според тоа табелите во групите го имаат следниот изглед. Табела група 1: Ростов Дон 8 бодови, ФТЦ 7, Ларвик 4, Флери 4, Турингер 1, Баја Маре 0. Табела група 2: Будуќност 7, Букурешт 5, Ѓер 5, Вардар 4, Митјиланд 3, Савехоф 0.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top