Иднината на нашата работа е веќе тука. Ние живееме промени. И самата дефиниција на успехот се промени, како и начинот на кој доаѓаме до него.
Според основачот и директорка на стартап „Workboard‟ кој помага на деловната организација, Дидри Пакнад, 2016 година ќе ги забрза промените преку седум области кои влијаат на тоа како работиме, иновираме и како ја водиме работата.
Транспарентноста е во мода
„Новите генерации ќе сакаат да го делат со другите својот став и фактите, нешто што го усвоија многу брзо‟ – смета Панкнад.
Постои генерациски чекор напред од долгорочното планирање на кариерата. Курсот на работењето се менува додека работата е се уште во тек, пренесува сајтот Inc.com.
Што понатаму доведува до се посилно влијание на терминот „Real time‟, т.е. пренесување на податоците во реално време.
Поминаа деновите на 12 месечно планирање. Како што и самата Пакнад вели: „Новата година ќе го продолжи замавот кон автентичниот пристап кој ги зголемува перформансите во реално време, наместо проценки на долгорочни цели‟.
Повратните информации кои можат да се добијат веднаш, а кои се темелени на влијанието и целта, ќе ги заменат долготрајните работни прегледи кои се протегаат со месеци и раѓаат казни и страв.
Брзина (VQ – од Velocity) е новиот IQ
Натпреварувачката област за клинетите ќе бара и квалитет и брзина на пазарот. Тимовите сега имаат обврска да учат и работат со иста брзина како што ги воведуваат иновациите.
„Тимовите кои работат успорено ќе изгубат на пазарот и врвни таленти. Постигнување на висок VQ ќе мора да биде дел од културниот начин на размислување‟ – смета Пакнад и додава:
„Во стартап светот иновација се случува на секои 48 часа‟.
Чување на големи податоци
Пазарот на технологијата помина многу време и потроши пари на големите податоци во текот на изминатите години.
Компаниите се борат да употребуваат и користат динамички увиди да го информираат пазарот и стратегијата на производите.
„Компанијата Ватсон направи пат на синтеза на неверојатна количина на податоци за вредноста, информациите и активното знаење‟ – смета Пакнад.
Повеќе со помош на помалку…
Пакнад гледа брз привик на реалноста на примерот на малите бизниси како знак на тоа што допрва ќе дојде. „Тренд е да се биде се повеќе тркачки настроен со помалку пари и помалку луѓе‟, вели Пакнад. Најдобрите компании ќе бидат пред овој тренд и ќе го искористат тоа како своја предност.
Што ќе биде прекинато?
Немојте да мислите дека трендот „да се работи повеќе со помалку‟ ќе се промени во 2016 година. Вистинските промени, кои ќе влијаат на индустријата во целина, ќе продолжат да беснеат и идната година.
„Не е важно ако зборуваме за фактот дека луѓето со помош на мобилните телефони можат да плаќаат наместо со кредитни картици или дека најголемата туристичка компанија за сместување не поседува недвижнини. Ако индустријата е неефикасна или нема јасна претстава за вредноста на купувачот, таа ќе биде прекината‟ – смета Пакнад.
Што може следно да очекува индустријата? Истражувањето покажува дека до 2020 година многу компании ќе се потпрат на хонорарците.
Влијание а не титула или име
Деловното опкружување ќе биде поставено така што повеќе ќе се вреднува влијанието отколку „титулата‟. Ова посебно се однесува на младите бизнис лидери. Организациите се динамични. Креирање на вистинска култура и структура за постигнување на агилност која не влијае негативно на фокусот и влијанието, ќе биде потребно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст