Најмалку десет Сомалијци умреле од колера, а илјада се разболени во бегалскиот камп во Дадааб, во североисточна Кенија, што е најголемиот бегалски камп во светот, пренесоа француските медиуми.
Епидемијата во кампот почнала во ноември. Во кампот се сместени околу 350.000 лица, изјави претставник на Високиот комесаријат на ОН за бегалци.
Болеста се проширила заради поројните дождови, што се излеаја врз Кенија во последните неколку недели.
-Најважна е хигиената, рече претставникот на ОН. Тој уверува дека кампот редовно се чисти со хлор и на бегалците им се дели сапун.
Колерата е силна зараза и се шири преку загадена вода. По периодот на инкубација, што трае од два до пет дена, таа предизвикува силна диареја и дехидрација и при недостиг од лекување смртта настапува за неколку часа, забележуваат француските медиуми.
Од 1991 година Луѓето, кои бегаат од граѓанската војна и гладта во Сомалија, засилниште бараат во кенсикиот камп Даабаб, додаваат француските меидуми.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.