Вкупно 8.077.918 килограми тутун се откупени за неполни четири недели. Заклучно со 5 јануари, просечната цена изнесува 186 денари по килограм, што е речиси 70 денари повеќе од ланската 117 денари, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Според Државниот инспекторат за земјоделство, исплатата е реализирана со 83,15 отсто или досега се исплатени 1.251.127.080 денари.
Откупот се врши на вкупно 186 ваги на 152 откупни места, а динамиката тече без проблем и согласно договорите меѓу производителите и откупувачите.
Првичните проценки се дека од реколтата 2015 ќе бидат откупени околу 25.000 тони тутун.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.