Јавното сообраќајно претпријатие за оваа година планира да постави уште 50 нови автобуски постојки во населбите и во централното градско подрачје, а за заокружување на проектот се издвоени 11 милиони денари, пишува „Утрински весник“.
Ќе се поставуваат единечни, а наместа и постојки со двојни натстрешници и комплетна урбана опрема, клупи и корпи за отпадоци. Со тоа ЈСП ќе ја заокружи бројката на вкупно 300 нови автобуски урбани постојки.
Нивната монтажа ќе се реализира етапно и кога тоа ќе го дозволуваат временските услови. Нови постојки ќе има на булеварите „Партизански одреди“, „Кочо Рацин“, „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски-Питу“, на улиците „Димитрие Чуповски“, „11 Октомври“, „Васил Аџиларски“, потоа од двете страни на улицата „Цветан Димов“ кај Јаја-пашината џамија во општината Чаир и на многу други локации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.