Научно е докажано дека сексуалната активност има позитивни придонеси за мајката и детето кое го носи. Сексот лачи ендорфин и окситоцин кои овозможуваат релаксација и чувство на благосостојба. За време на бременоста, нивото на естроген и прогестерон се покачува, зголемувајќи го протокот на крв во карличниот регион со што се зголемува лубрикацијата на вагината и чувствителноста на градите.
Зошто сексот за време на бременоста го бие лош глас дека е неудобен? Затоа што не се изведува правилно. Воглавно, треба да избегнувате позиции во кои лежите на грб во второто и третото тромесечје. Исто, аналниот секс не треба да се практикува за време на бременоста. Овие седум позиции се подржани од експертите.
Оваа позиција не е напорна и овозможува понежна пенетрација. Затоа што треба да лежите на грб, безбедна е само за во првото тримесечје.
Ако ви се допаѓа мисионерската позиција, но не можете да се опуштите поради стомачето – ова е совршената позиција за вас. Плус, целата контрола ќе му припадне на вашиот партнер. Сепак, не треба да ја практикувате после 20-та медела.
Зачинете го актот со малку акробација. Ако чувствувате болка во грбот за време на оваа позиција, потпрете ги градите на неколку перници. Оваа секс позиција е погодна за во второто тримесечје.
Оваа секс позиција нема да ве измори, а го менува аголот на пенетрација. Можете да користите перници за рацете и главата, а оваа секс позиција е супер за во второто тримесечје.
Превземете ја контролата во свои раце, а во исто време чувствувајте се комфорно. Исто така, оваа позиција ви дозволува да контролирате колку длабока ќе биде пенетрацијата, воедно овозможувајќи му на партнерот да ви ги допира градите кои се многу почувствителни за време на бременоста. Одлична за во второто тримесечје.
Оваа секс позиција нема да ви предизвика болки и притисок во грбот. Супер е за во крајниот стадиум од бременоста затоа што не овозможува премногу длабока пенетрација.
Ваквата варијација ви ја дава целосната контрола, воедно зголемувајќи ја стимулацијата на клиторисот. Добра е за време на целата бременост.
Извор: Лејдибук
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.