На само дваесетина километри од главниот град на Сирија, во градот Мадаја, кој се наоѓа под опсада од сириската војска, стотици деца живеат прегладнети, некои умираат од глад, а високата цена на оризот кој се продава е екстремно скапа- 230 евра за еден килограм .
Голем дел од семејствата “глодаат” трева и лисје, а некои извршуваат згрозувачки чинови и ги убиваат своите домашни миленици, а потоа ги јадат.
– Луѓето умираат како на забавена снимка, одгледувавме цвеќе во саксии и тоа е изедено, вели социјалниот работник Луај.
Истиот Луај пред извесен период испрати и фотографии до светските медиуми од луѓето кои умреле од глад. Тој вели дека е вистински сведок дека пред негови очи луѓето убивале мачки за да преживеат , а многу дрвја останале без лисја.
Иако независните медиуми не успеале да стигнат до градот поради опсадата, интернетот е преплавен со информации за прегладнети луѓе.
И хуманитарните активисти од овој сириски град тврдат дека ситуацијата е ужасна. Децата гладуваат и умираат, ги ризикуваат своите животи во минските полиња во потрага по хранливи растенија. Некои од нив останале без екстремитети…
Иако е тешко да се провери вистинитоста на овие тврдења поради опсадата на градот, неколку независни извори на идентичен начин ја опишуваат страшната ситуација во градот Мадаја – каде недостигаат храна, лекови, струја…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст