Според полицискиот извештај од новогодишната ноќ во Келн, кога стотици мигранти напаѓаа, ограбуваа и силуваа жени во центарот на градот, еден од престапниците на полицискиот службеник му рекол: „Jaс сум Сириец. Морате да се однесувате убаво кон мене. Ме повика госпоѓа Меркел“, пренесува германски „Билд“.
Друг приведен, пак, ја искинал својата дозвола за престој пред полицаецот велејќи му: „Не ми можете ништо, уште утре можам да извадам нова!“.
Полицијата потврди дека приведени биле неколку мажи кои во Германија се неколку недели, 14 Сиријци и еден Авганистанец.
Пријавите на нападнати жени од мигранти се во голем број, посебно во поголемите германски градови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Џихадистите се закануваат со напади во Њујорк за Нова година: 1 јануари е „ден на одмаздата“
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)