Ова се петте најчести сексуални соништа на жените и нивните значења
Секс со пријател
Секс со близок пријател лесно може да ве збуни, Значи ли тоа дека кон него чувствувате нешто повеќе од пријателство, н сакате да признаете? Не! Сонот само ви покажува колку сте блиски. Тоа може да значи и дека една особеност на пријателот многу ви се допаѓа и сакате да си ја припишете. Тоа што е сигурно е дека ваквите сништа не мора да ги раскажувате, бидејќи може погрешно да ве разберат
Секс со шефот или колегата
Некои тврдат дека секс со шефот или колега е меѓу најчестите сништа. Може да бидат многу иритантни, бидејќи по нив нема да ви биде едноставно да работите со тие луѓе. Сепак, секси сон со шеф нема врска со евентуална желба навистина да спиете со него. колку и да звучи чудно, сонот има врска со работата, односно вашите способности кои може да ги развиете. Истото важи и за соновите поврзани со колегите. Дури и да сте сонувале нешто перверзно, не мора да се срамите, но ниту да раскажувате на работа.
Секс со тајна симпатија
Иако е тешко сексуален сон со некого кој ви се допаѓа да значи нешто друго освен желба да бидете со него, постои и друго толкување. Исто како и при сексуалниот сон за пријателите, може да значи дека тој има некоја особина која виа ја посакувате за себе
Секс со поранешен
Сонувавте секс со поранешниот? Значи ли тоа дека сакате да му се вратите? Не секогаш. Вашиот мозок се фокусира не на момчето како личност туку на една конкретна особеност од неговиот карактер која имала важна улога во вашата врска. Исто така сонот значи и страв од влегување во нова врска.
Секс со странец
Ако во вашите сништа се појави некој фантомски партнер, не паничете. Веројатно значи дека сте несигурна заради блиската иднина. исто така, секси странец може да претставува и дел од вашата личност кој сакате да го истражите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.