Македонската фудбалска репрезентација забележа нов пад на ФИФА ранг-листата. Иако немаше ниту еден настап во изминатиот месец, нашиот национален тим падна за две позиции на рангирањето на светската куќа на фудбалот, каде „црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 138. место.
Во меѓувреме, пред нашата репрезентација се најде и селекцијата на Хонг Конг, а пред „црвено-жолтите“ се уште и Куба, Филипини, Свазиланд… Веднаш зад македонскиот национален тим се наоѓа Јужен Судан, додека Либан, селекцијата што успеа да слави среде Скопје, се наоѓа на 140. место на јануарската ранг-листа на ФИФА.
Кога станува збор за врвот, тука нема никакви промени, најдобра светска селекција се уште е Белгија, пред Аргентина и Шпанија, а Топ листата ја заокружуваат Германија, Чиле, Бразил, Португалија, Колумбија, Англија и Австрија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Македонската фудбалска репрезентација до 17 години ги доби противниците во квалификациите за ЕП 2019
-
Ангеловски ја собра репрезентацијата, повикан и тинејџерот Османовски
-
Пуштени во продажба билетите за натпреварите на македонските фудбалери со Норвешка и Австрија
-
Македонија напредуваше 32 позиции на ФИФА ранг листата