Во некои краеви веруваат дека ќе има многу мед во текот на годината ако бадникот фрла искри сам од себе.
Кој во текот на годината се скарал со некого, на Бадник треба да се смири.
За Божик е убаво да се подновиме.
Во околината на Ниш е забележан обичај пред јадење домаќините истовремено да ги соблечат чевлите бидејќи се верува дека поради тоа жените побрзо се породуваат, кравите се телат, а овците се објагнуваат.
Во јужна Србија постоело верување дека девојките и момчињата кои ќе ја преспијат Бадната ноќ на слама, ќе го сонуваат идниот сопружник.
Во некои краеви се верува дека божикната свеќа не треба да се гаси со дување, туку со леб натопен во вино, најчесто парче од погача.
На Бадниот ден сите позајмени работи и долгови треба да се вратат, а за вечера да се подготват непарен број на јадења.
На Божик треба да се прават работи кои инаку не ни одат од рака, да можеме полесно да ги совладуваме во текот на годината која стигнува.
Од Божик до Свети Стефан не треба да се чисти куќата, а во Војводина се верува дека за време на божикните празници не треба да се тропа на вратите, кокошките да не ги скршат јајцата.На Божик исто така се дарува гостинот положајник, а во многу краеви се даруваат чорапи.
На Божик не треба да се позајмува ништо на никого, така цела година работите нема да се изнесуваат од дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Утре е голем и тежок празник – Свети Архангел Михаил: Ги штити верниците, ги казнува неверниците!
-
Ни доаѓа Огнена Марија: Ова никако не смеете да правите !
-
Ако сте љубител на јаболка, на Петровден никако не сечете ги со нож, а во зорите треба…
-
Иванден е ден за лекување болести и за добивање потомство: Денеска Сонцето застанува три пати