Модниот свет во текот на годините успеа да собере поприлично голем број на правила кон кои треба да се придржуваме, но конечно дојде време кога може да се одречеме од старите правила и да си дозволиме да го пронајдеме сопствениот стил без попречните погледи на модните пуританци.
Црната и кафената боја не се мешаат
Иако многумина сметаат дека црната е неутрална боја која одлично се сложува со сите останати бои, модните правила секогаш го тврделе обратното. Меѓутоа, работите полека се менуваат и сега може да носите и да ги комбинирате боите како што сакате, особено ако ова правило ве спречувало да ги носите своите две омилени бои заедно -црната и кафената.
Хоризонталните линии ве прават пошироки
Многумина мислат дека облеката со хоризонтални линии ги прават пошироки, и тоа навистина е така ако целата ваша гардероба е со такви текстури или одделни парчиња се премногу припиени за вашето тело. Заборавете на ова правило и слободно облечете некоја модерна маичка или џемпер со хоризонтални линии, се додека остатокот од облеката е во еднобојни тонови.
Никогаш не носете тексас на тексас
Ова правило денес се крши ширум светот и тоа со добра причина – тексасот никогаш не бил популарен како што е денес. За најефективен изглед користете парчиња од тексас во различни бои, нијанси и текстури, а најдобро би било да се држите до темните бои.
Чевлите секогаш мора да се ускладени со чантата
Многумина слепо го следат ова правило но полека доаѓаат нови трендови и нови правила. Ако целата ваша гардероба е во црна боја, тогаш одберете ѓарена или впечатлива чанта. Може на себе да имате и до три бои а притоа да изгледате добро. Колку вашиот изглед е поедноставен ќе имате поголема можност да си играте со бојата на чантатат и со бојата на чевлите. Кафените нијанси добро се сложуваат со портокаловата, жолтата со маслинесто зелената, па така кончено дојде време повеќе да експериментирате и да го пронајдете својот стил.
Не мешајте злато и сребро.
Ако дизјанерите немаат никаков проблем да прават накит со сребрени и златни елементи, зошто би било проблем тие две бои да се комбинираат заедно во аутфитот. Притоа ако ги погледнеме светските ѕвезди, може да забележиме дека комбинациите со злато и сребро се многу популарни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.