| четврток, 6 декември 2018 |

Лагерфелд затаил 20 милиони евра данок

Дизајнерот Карл Лагерфелд е осомничен за даночно затајување во висина од 20 милиони евра од француските фискални власти преку финансиски шеми помеѓу неколку компании.

30th International Festival Of Fashion & Photography: Day One

Францускиот министер за финансии не сакаше да го коментира случајот, повикувајќи се на “даночна тајна”. Молчи по прашањето и портпаролот на Лагерфелд. Според медиумите Уметнички директор на модната куќа “Шанел” користел сложена шема за даночно затајување, која минува низ Франција, Ирска, Британските Девствени острови и САД. Француските фискални власти се сомневаат дека на овој начин во текот на шест години Лагерфелд затаил 20 милиони евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top