Македонската ракометна репрезентација во изминатите два дена како продолжување на подготовките за Европското првенство во Полска што започнува на 15.јануари, одигра два подготвителни натпревари со Словенија на кои и на двата резултатот заврши нерешено.
И покрај големите обврски кои ги имаат нашите репрезентативци синоќа по мечот стигнаа да кршат и бадниково лепче во кое традиционално има паричка.
Пикерот на Вардар, Стојанче Стоилов, беше најсреќен бидејќи тому нему му се падна паричката. Убавата вест, искусниот ракометар ја сподели на социјалните мрежи, а паричката очекува да му донесе уште подобри настапи во репрезентативниот дрес, како на Европското првенство во Полска, така и во квалификациите за Олимписките игри и, се надеваме, во Рио де Жанеиро.
– Пак кај мене паричката – напиша Стоилов на ФБ.
Националниот тим денеска се враќа дома по двомечот против Словенија претходните два дена. До патувањето за Полска, репрезентацијата ќе одигра уште два тест-дуели и тоа против Црна Гора на домашен терен в недела и понеделник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.