Архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан упати божикна порака по повод претстојниот празник Рождество Христово – Божик.
Настанот од она рано утро во Витлеемската пештера е исполнување на сите надежи и очекувања, на сите пророштва и ветувања низ вековите. Во тој настан се содржи сета вера на претходните, на сегашниве и идните генерации. Голема е таа тајна: на тој ден се сретнавме, Го видовме Бога и Го примивме Бога. Бог постана човек – не престанувајќи да биде Бог, за да може човекот да се обожи – не престанувајќи да биде човек. Бестелесниот Бог прими човечко тело, Невидливиот постана видлив, Надвремениот означи начало на новото време, Синот Божји постана – Син човечки. Со Христовото рождество, за родот човечки се отвори рајот, небесата се распростреа по земјата и небесното се соедини со земното.
Од тој спасоносен настан во Витлеем, па сѐ до денес, Рождеството Христово е празник на небоземната радост во која учествуваат ангелите и праведниците и сите кои се исполнети со спасоносната светлина. И ние како дел од сеправославната заедница, прилика е да се испитаме во верата – и колку ја знаеме и колку ја живееме. Светата Црква, посебно на овој ден, нѐ повикува да покажеме добра волја и да го градиме и чуваме мирот со сите народи. Исполнети со Божикната радост, да учествуваме во јакнењето и на духовното и националното единство меѓу нашиот народ, без разлика каде живееме – во Татковината или раселени по светот. Со своето човекољубие и богољубие да покажеме дека и во нашите души има место за Витлеемскиот Богомладенец. Прославувајќи го Божик, да им се придружиме на сите кои Го препознаа и примија родениот во Витлеем – Предвечниот Бог. Христос се роди! Честито и од Бога благословено Новото Лето!, стои во божикната порака на г.г. Стефан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев со честитки за Курбан Бајрам: Да ја јакнеме заедницата како едно општество за сите
-
Мицкоски го честита Бајрам: Богатството е во различностите на верите, културите и традициите
-
Мицкоски со честитка до припадниците на АРМ: Нашите војници ги исполнуваат највисоките НАТО стандарди!
-
Претседателот Иванов го честита Рамазан-Бајрам: Дозволете ми овој ден да повикам на слога и заедништво