| четврток, 6 декември 2018 |

Кобен финиш во Словенија, Мојсоски со потрес на мозокот

Qatar 2015 M6 MKD vs TUN
Ракометните репрезентации на Словенија и на Македонија и во вториот контролен натпревар пред Европското првенство во Полска одиграа нерешено. По вчерашните 28:28 во Кршко, вечерва во Цеље натпреварот заврши 23:23.Завршницата од натпреварот во Целје беше кобна не само поради пропуштената шанса за победа, туку и поради повредата што ја заработи Наумче Мојсовски. Искусниот бек тргна во продор при нашиот последен напад на една минута до крајот, но најпрвин беше фаулиран, а потоа при падот следеше незгоден удар со главата. По укажаната лекарска помош Мојсовски мораше да го напушти теренот, а ситуацијата не му се подобрила ниту неколку часа по натпреварот, пишува „Екипа“.

– Не се чувствувам добро. Имам мал потрес на мозокот и чувствувам огромна главоболка. Се надевам дека состојбата наскоро ќе ми се подобри – изјави Мојсовски.

 Македонската репрезентација во 52. минута имаше три голови предност 23:20, но до крајот Словенија успеа да стигне до израмнување, иако последниот удар од девет метри на Деан Бомбач, голманот на Македонија Никола Митревски го одбрани. Во 56. минута при гол предност за Македонија Борко Ристовски успеа да одбрани седмерец.
Првиот дел Словенија го доби со 13:12, а во вториот дел беше 11:10 за Македонија, па така Македонија на двата натпревара во вториот дел играше подобро во одбраната и прими по 10 гола. На стартот од вториот дел и Словенија имаше +3 (16:13).
Најефикасен на дуелот беше Кирил Лазаров со седум голови.
Македонската репрезентација утре се враќа во Скопје и по двата слободни дена новиот собир ќе биде на 8. јануари, а следните два контролни натпревара ги игра со Црна Гора во Скопје на 10. и 11. јануари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top